Во сообраќајна несреќа загина Благоја Георгиевски – Буштур

Од:

Македонската кошаркарска легенда Благоја Георгиевски – Буштур синоќа го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба Кисела Вода.

Поради лизгавиот коловоз Буштур загубил контрола над возилото со кое управувал, излетал од патот и удрил во бетонски блок.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје, долги години беше член на Работнички. Со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која имка сребрен медал на Европското првенство 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година. Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

Би можело да ве интересира

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

Избегал од затворот во Струмица па ја грабнал поранешната девојка