Во сообраќајката кај село Псача, причинета е само материјална штета

Од:

Нема жртви ниту, повредени во сообраќајната незгода која се случи на магистралниот пат А2, Куманово – Крива Паланка. Според информациите од портпаролот на Секторот за внатрешни работи од Куманово, Живкица Чавдаревиќ, во незгодата е причинета само материјална штета.

Несреќата се случила кај местото викано Просеченик, во атарот на селото Псача, општина Ранковце.

– До незгодата дошло во петнаесет часот и четириесет минути кога патничко моторно возило марка Ландровер, кое се движело од Крива Паланка кон Куманово при разминување се судрило со товарно моторно возило марка Мерцедес.

– За среќа, нема жртви, ниту повредени, само е причинета значителна материјална штета, изјави Чавдаревиќ.

Поради незгодата сообраќајот на патниот правец Куманово-Крива беше во прекин во периодот од петнаесет часот и четириесет минути до шеснаесет часот и педесет минути.

Би можело да ве интересира

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Сообраќајот се одвива непречено, нема подолги задржувања на граничните премини

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени

Несреќа кај Охрид: Возач загина откако со автомобил удри во кучиња и се запали

Горан Наумовски

Еден загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кичево – Македонски Брод

Горан Наумовски

Аца Лукас имаше сообраќајка, денешниот концерт во Битола е одложен

Горан Наумовски