Во сообраќајка загина 44-годишен возач од Арбанашко општина Старо Нагоричане

Од:

Синоќа на 44-годишна возраст загинал жител на село Арбанашко, општина Старо Нагоричане, откако со автомобил излетал од коловозот, соопштија денеска од СВР Куманово.

На 19-ти април годинава во 23:15 часот било пријавено дека на локалниот пат село Драгоманце-село Арбанашко, во атар на Кокино, општина Старо Нагоричане, во непосредна близина на пат кој води за местото Опсерваторија-Кокино, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(44) од с. Арбанашко, излетало од коловозот.

– На местото на незгодата починал возачот, а смрт констатирал лекар од итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово, соопштија од полицијата.

Претходно и од РЦУК Куманово информираа дека возилото било најдено во провалија, а во извлекувањето на починатото лице учествувале пожарникари од Старо Нагоричане и Куманово.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он