Во согласност со мерките за заштита од корона вирусот, прекин во работењето на жичницата и бесплатните автобуски линии

Од:

Во согласност со мерките и препораките за заштита од корона вирусот, од денеска жичницата на Водно и бесплатните автобуски линии до Средно Водно, се во прекин.

– Жичницата на Водно нема да работи. Нема да сообраќаат ниту трите бесплатни автобуски линии до Средно Водно (со броевите 25, 25А и 25Б), а во согласност со тоа, во катната гаража „26 Јули“ паркирањето ќе се наплаќа секој ден од неделата, според утврдениот тарифник. Поради воведените мерки и препораки за заштита од корона вирусот, паркирањето на Средно Водно исто така ќе се наплаќа секој ден, според утврдениот тарифник, соопштија од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ЈСП-Скопје тврди: Жичницата на Водно е безбедна, во моментот се врши сервис

Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

А1он