Левица: 11 милиони денари наместо во ЈСП, ќе завршат во џебот на фирма блиска до Јанушев

Од:

Јавното добро повторно се жртвува за приватниот интерес. Фирма блиска до Игор Јанушев, Генерален секретар на Владата, склучила договор со Државната лотарија вреден 14 милиони денари. Овие средства, наместо во касата на ЈСП-Скопје, ќе завршат во приватната фирма „Маратон Груп“, велат од Левица.

„Во 2017 година, тогашниот директор на ЈСП Јанушев ја укинал маркетинг службата на претпријатието и склучил договор со приватна фирма која добила право да го продава рекламниот простор на автобусите и постојките на ЈСП. Управител на фирмата е Љупчо Костовски, близок соработник на Јанушев.

За штетата да биде уште поголема, договорот е со времетраење од 10 години, ѝ овозможува на фирмата огромен профит, додека ЈСП скоро да нема апсолутно никаква корист од тоа. Претпријатието тоне во долгови, а скопјани добиваат сè понеквалитетни услуги.

Ова е пример за злоупотреба на јавните ресурси во корист на приватни интереси. Го повикуваме ДПМНЕ да го раскине овој штетен договор и да ги врати маркетинг ингеренциите на ЈСП. Само така ќе обезбедиме дополнителни средства за подобар јавен превоз и ќе го заштитиме јавниот интерес“, реагираат од Левица.

Би можело да ве интересира

СДСМ нема да учествува на средбата за Изборниот законик што ја иницира Левица

Катерина Ѓуровски

Левица иницира средба на опозициските партии за договор за Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Левица: Секоја населба се претвори во градилиште, а цените на становите се удвоија, власта не нуди политика за домување

Левица: Државата ги осудува граѓаните на кираџиство – становите во Скопје поскапеа за 13,3 отсто

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно нема една изборна единица