Во Собранието не пристигнал предлог за оставките на членовите од ДИК

Од:

Собранието на РМ односно Комисијата за прашања на изборите и именувањата се уште нема добиено предлог за верификација на оставките на членовите од ДИК, информираат за А1он од кабинетот на претседателот на Собранието.

Претседател на надлежната комисија е пратеникот Илија Димовски од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои пак донесоа одлука да не учествуваат во парламентарните тела и заседанија поради, како што велат, немање услови за работа по притворот на шесте пратеници. Најверојатно, поради оваа одлука на најголемата опозициска партија ќе дојде до дополнителни компликации во процесот за верификување на оставките.

Откако предлогот за верификација на оставките ќе пристигне во Собранието прво треба да помине на седница на комисијата, а потоа се става на дневен ред на пленарна седница каде пратениците и официјално ќе ги верификуваат оставките.

Претседателот на Собранието ги известува политичките партии на власт и во опозиција, во рок од три дена од денот на приемот на известувањето, да му достават предлог за нови членови на Државната изборна комисија согласно членот 27 став 4 и 5 од Изборниот законик.

Доколку политичките партии не ги утврдат и не ги достават имињата на кандидатите за членовите на Државната изборна комисија во определениот рок членовите на Државната изборна комисија ги предлага Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието.

Оставките на членовите од Државната изборна комисија доаѓаат по притисокот од јавноста за поделените бонуси донесени со интерна одлука.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата