Во Скопје за викендот 28 сообраќајки со 22 повредени

Од:

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 28 сообраќајни несреќи. Во 14 од нив со полесни телесни повреди се здобиле 22 лица, а во 14 сообраќајки е причинета материјалан штета.

Како што соопшти СВР Скопје, во текот на изминатите три дена санкционирани се 43 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 10 возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, а пет возачи поминале на црвено светло на семафорот.

Сообраќајната полиција изминатите три дена санкционирала и 15 возачи за време на управување на моторните возила, кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, 23 возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола, односно нерегистрирани и затекнати биле 43 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети биле вкупно 79 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ