Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Од:

Втор протестен марш против аерозагадувањето се одржува во моментов во Скопје на иницијатива на „Зелен Хуман Град“. Протестот започна пред Министерството за животна средина и просторно планирање, продолжува кон Собранието на Република Северна Македонија и кон Владата, а предвидено е да заврши пред бараките на Град Скопје.

Од „Зелен Хуман Град“ имаат имаат четири конкретни барања за борба против аерозагадувањето во Скопје.,

-Првото барање е јавен континуиран мониторинг на индустриските објекти за да се знае точно кој и како загадува. Второто барање се однесува на еколошко загревање на објекти како Детската клиника во Козле, која сè уште се загрева на мазут. Третото барање е решавање на автоцентричноста во градот, со приоритет на јавниот превоз и велосипедите над автомобилите и четвртото барање е подобро управување со отпадот, изјави Борјан Јовановски од иницијативата „Зелен хуман град“.

Од првиот протестен марш што се одржа на 10 декември поминаа речиси три недели.

– Две недели од доставените барања, а одговор од институциите уште нема. На кого му служат? Без чист воздух нема здравје! Без здравје нема живот! Ги полниме болниците и ги оставаме своите пари по аптеките, изјавија од „Зелен хуман град“ во најавата за протесот.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Зошто постои МВР?

Загадувањето на максимум, инспектори за животна средина на минимум

Катерина Ѓуровски

Левица: Загадување со смртоносни размери – Меџити веднаш да се разреши поради овој геноцид

„Од смогот не се гледа иднината“ – Протест за чист воздух

Граѓаните протестираат, партиите кои се менуваат на власт се обвинуваат за загадувањето

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

А1он