Во Скопје во јули надмината апсолутната максимална температура, измерени 43,7 степени

Од:

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во земјава, месец јули 2025 година се карактеризира како екстремно топол и многу сушен во споредба со многугодишните просечни вредности (1991/20), соопшти УХМР.

Средномесечната температура се движеше од 18,5°С во Лазарополе до 28,5°С во Гевгелија. Споредено со просечните јулски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодишната температура беше натпросечна за 2,3 степени на ниво на држава. Средномесечната температура во Скопје Зајчев Рид изнесуваше 27,6 и беше 2,9 степени повисока од просекот.

Највисоката максимална температура во државата, беше измерена на 26-ти јули во Скопје Гази Баба и изнесуваше 43,7 степени. Притоа, во Скопската котлина беше надмината апсолутната максимална температура на воздухот од 43,4 на 43,7 степени. Во Скопје беше надмината и апсолутната максимална среднодневна температура. Надминати беа апсолутните максимални температури и во Охрид и Маврово. Во Охрид од 37,5 на 38,1, а во Маврово од 34,2 на 34,3 степени. Имаше појава на топлотен бран од почетокот на месецот до 8-ми и од 20-ти до 27-ми јули, на ниво на држава.

Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 10-ти јули и изнесуваше 4,4 степени.

Месечната сума на врнежи во државата во јули варираше од 0,0мм во Битола до 10,7мм во Берово. Врнежите беа од дожд и град. Максимално дневно количество на врнежи од 8,7мм беше регистрирано во Берово на 18 јули.

Споредено со јулската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше 87% подпросечна на ниво на држава, посочуваат од УХМР.

Би можело да ве интересира

Облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег

Најстудено на Попова Шапка, на места утринските температури под нула

До крајот на оваа недела облачно со повремени дожд и снег

Повремен дожд и разведрување попладне

Од ноќеска дожд, на планините снег

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини