А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Скопје викендот 35 сообраќајки, пајакот отстранил 89 возила

by А1он10/11/2014 - 09:19111
Share0

Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 36 сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Во петокот, на 7 ноември октомври, извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди. Од нив, шест се со последица материјална штета и четири со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници и еден пешак.

Во сабота, на 8 ноември, извршен е увид на вкупно 19 сообраќајни незгоди. Од нив, 10 се со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, осум сопатници, двајца пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 15 часот на ул. „Питу Гули“ каде што возач на велосипед изгубил контрола над велосипедот, паднал на коловозот и се здобил со тешки телесни повреди.

Во неделата, 9 ноември, извршен е увид на вкупно седум сообраќајни незгоди. Од нив пет се со последица материјална шета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на патничко моторно возило.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во 18 часот на надвозникот во село Кадино каде што патничко моторно возило „југо“ удрило во двајца пешаци. Возачот го напуштил лице местото, но кратко по незгодата од страна на сообраќајната полиција возачот е откриен и преземени се соодветни мерки.

Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 82 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Од нив, 34 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 27 возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, 13 возачи кои поминале на црвено светло на крстосниците и 42 возачи кои ги управувале возилата со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција во текот на овие три дена отстранети се 89 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје започнува со едукативни работилници во средните училишта каде што во соработка со Здравствениот дом на Град Скопје ќе одржи работилници на тема „Зависности од дрога, алкохол и цигари“, а во делот на сообраќајот „Влијанието на алкохолот врз безбедноста во патниот сообраќај.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен