Во Скопје вчера седум сообраќајки, „пајакот“ кренал 65 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Скопје се случиле седум сообраќајни незгоди од кои четири се со телесни повреди, а три поминале само со причинета материјална штета.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 65 возила.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 52 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, како и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и пет пешаци кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се пет непрописно паркирани возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ