Во Скопје вчера седум сообраќајки, еден повреден, казнети и пет пешаци

Од:

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно седум сообраќајни незгоди, од кои шест се со последица материјална штета и една е со последица телесна повреда, во која со полесни повреди се здобило едно лице.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Дваесет и девет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, шест возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден отстранети се 66 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Никола Вапцаров“, општина Чаир.

Во сабота во спортскиот центар „Борис Трајковски“ естрадниот уметник Саша Ковачевиќ ќе одржи концерт. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ