Во Скопје вчера четири сообраќајки, повредени две лица

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно четири сообраќајни незгоди, од кои две се со последици материјална штета, две се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.

Како што информира за МИА самостоен инспектор Драган Вељаноски од СВР-Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Триесет и двајца возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот,  седум возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а 10 пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 68 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во О.У Ацо Шопов општина Бутел.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава