Во Скопје вчера 6 сообраќајки, 13 лица повредени

Од:

Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на вкупно шест сообраќајни несреќи, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.

Како што информира СВР-Скопје за МИА, се случила и една незгода, во која со тешки телесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возила и еден сопатник, а со телесни повреди тројца сопатници.

По спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци. Санкционирани се шест возачи кои за време на управување со возилото го користеле мобилниот телефон, пет возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано и осум возачи кои не се придржувале според ограничувањата, забраните и обврските изразени сопоставените сообраќајни знаци.

Затекнати се и 42 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, во текот вчерашниот ден отстранети се 71 возило кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање како пешачкиот така и моторниот сообраќај.

Во рамки на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишни установи“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во детската градинка „11 Октомври“ објект „„Страшо Пинџур“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Бутел.

Со почеток во 17:45 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во рамките на СЕХА-лигата ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Вардар и РК Загреб. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, како и на овој вонреден настан, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он