Во Скопје вчера 14 сообраќајки, 11 повредени, пајакот отстранил 72 возила

Од:

На подрачјето на град Скопје во текот на вчерашниот ден се случиле вкупно 14 сообраќајни незгоди, од кои осум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле 11 лица.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.

Шеесет и четири возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, четворица возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, тројца возачи поминале на црвено светло на семафор и тројца возачи не го почитувале правилото за првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Санкционирани се и 12 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 72 возила.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во основните училишта „Лирија“ и „Тефејуз“ кои се наоѓаат на територијата на општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава