Во Скопје вчера 13 сообраќајки, тешко повреден велосипедист

Од:

Велосипедист е тешко повреден, а уште пет лица се полесно повредени, во шест од 13 регистрирани сообраќајки во изминатите 24 часа на подрачјето на Скопје. Седум сообраќајни незгоди се со последица материјална штета.

Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје, во тек на изминатиот ден при контроли над учесници во сообраќајот сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци.Десет возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, а 12 возачи не користеле сигурносниот појас или зборувале на мобилен додека возеле. Затекнати се и 11 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи, пет возачи не ја обновиле регистрацијата на возилото, како и пет возачи кои го управувале возилото без важечка возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 47 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје вечер со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со ученици од четврто одделение од ОУ „Његош“, општина Гази Баба.

На Националната арена „Филип Втори“ вечер со почеток во 19 часот ќе се одигра меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и на Република Иран. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он

Пет денови посебен режим на сообраќај во главниот град

А1он

Казнети 285 возачи во Скопје, 107 за брзо возење

Поради генерална проба за Министерскиот совет на ОБСЕ, утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Предраг Петровиќ