Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.
Од нив, седум се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, 17 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, како и 10 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на одбележан пешачки премин, односно го управувале возилото под дејство на алкохол. Санкционирани се и седум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 28 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот коишто сториле прекршоци во својство на возачи кои не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, непрописно се престроиле пред крстосница, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во ОУ „Наим Фрашири“ кое се наоѓа територијата на општина Студеничани со учениците од второ и четврто одделение.
Денеска по повод патрониот празник на Општина Кисела Вода – 6 Мај ќе се одржи Цветно дефиле на кое ќе земат учество учениците од основните училишта на подрачјето на општина Кисела Вода. Почетокот на Цветното дефиле е закажано за 11 часот кое од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ ќе продолжи према крстосницата од ул. „Народни херои“ и бул. „Борис Трајковски“ па се до паркот „Шопен“ каде истото ќе заврши во 11 часот и 40 минути. Со цел безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.