Во Скопје вчера 11 сообраќајки со пет полесно повредени

Од:

Пет лица се полесно повредени во пет од вкупно 11 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во останатите шест е причинета само материјална штета.

Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала 12 возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи што го управувале возилото под дејство на алкохол, тројца возачи кои поминале на црвено светло, двајца возачи што не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 24 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 74 непрописно паркирани возила.

Санкционирани се и 16 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети се седум возила.

Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќај“, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници со учениците во второ одделение во ООУ „Гоце Делчев“ во општина Центар.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ