Во Скопје вчера 10 сообраќајки, 8 повредени

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, четири се со последица материјална штета и шест се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле четворица возачи на патничко моторно возило, двајца сопатници, еден возач на мопед и еден патник во автобус.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 20 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Дванаесет возачи се затекнати како го управуваат возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и пет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 17 пешаци кои сториле прекршоци по разни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 79 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Со почеток во 11 часот и 45 минути поранешните вработени во „Алумина“ ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава