Во Скопје се одржува регионалниот лезбејски форум „Сестри аутсајдерки“

Од:

Организациите „ЛезФем“, „Тиииит! Инк.“, Бори се женски“ и Коалицијата „Сексуални и здравствени права намаргинализираните заедници“ овој викенд организираат регионален лезбејски форум „Сестри аутсајдерки“.

Форумот ќе почне на 26.11 (четврток) во 17 часот во ГЕМ клубот, а ќе заврши на 29.11. (недела). На форумот како гостинки и говорнички ќе учествуваат активистки од целиот регион: Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Целта на регионалниот лезбејски форум е да овозможи платформа за поврзување на искуствата и практиките од регионот кои повикувајќи се на минатото и во согласност сомоменталниот општествен и политички контекст ќе придонесат кон градење на заеднички вредности за делување како и кон градење на стратеги и планови на делување на национално,но и на регионално ниво.

Форумот, исто така, ќе направи простор за лезбејската култура и уметност преку вклучување на видео предавањето „Тешки слики –
Предлози за работа со визуелна меморија прекунастраност“, промоција на збирката „Пристоен живот“ која содржи 23 лезбејски раскази и проекција на филмот „Односи: 25 години од лезбејската група Шкуц-ЕлЕл“.

Во соработка со други женски и феминистички организации, Форумот исто така вклучува и женски марш против сексуалното насилство врз жените на јавните простори „Ја имамемоќта, ја враќаме ноќта!“ . Маршот ќе се оддржи на 28.11 (сабота) со почеток од 22 часот,пред стоковна куќа Мост.

Би можело да ве интересира

Анкета: Рекорден број Американци се идентификуваат како ЛГБТК+

Трамп ги забрани ЛГБТ знамињата во амбасадите

Предраг Петровиќ

Условна казна за скопјанец кој нападна припадник на ЛГБТ заедницата

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Светска банка: Економското вклучување на ЛГБТИ луѓето ќе го зголеми БДП на Северна Македонија и Србија

ВИДЕО: Над 2.000 луѓе во Грузија нападнаа ЛГБТ поворка

Предраг Петровиќ