Во Скопје санкционирани 341 возач, 25 без возачка дозвола

Од:

Во текот на вчерашниот ден, само на територијата на град Скопје, се изречени вкупно 341 мерка од кои 25 мерки се за возење без возачка дозвола.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, најмногу, односно 72 мерки, се изречени за непрописно паркирање, со пајак се подигнати 58 возила, изречени се 31 мерка за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 мерки за користење на мобилен телефон, 17 за минување на црвено и 16 мерки за неносење на заштитна маска.

Од МВР потсетуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози