Во Скопје санкционирани 152 возачи, 28 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје санкционира 152 возачи, меѓу кои 28 за возење повеќе од дозволената брзина, осум за возење без возачка дозвола, 21 возачи на мотоцикли.

Како што информира МВР, изречени се и 12 санкции за користење мобилен телефон, седум за некористење сигурносен појас, девет за непочитување на првенство на минување, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло) и 42 санкции за непрописно паркирани возила.

Од МВР најавуваат дека продолжуваат засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за, како што велат, да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ