Во Скопје регистрирани 217 сообраќајни прекршоци, 77 за брзо возење

Од:

На територијата на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилени акциски контроли во областа на сообраќајот се изречени вкупно 217 мерки, меѓу кои 77 санкции за возење со брзина поголеми од дозволената брзина, 15 за управување возила без возачка дозвола и девет за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, изречени се 11 санкции за користење мобилен телефон, 26 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, осум за некористење сигурносен појас и 45 санкции за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ