Во Скопје регистрирани 150 сообраќајни прекршоци

Од:

На територија на Град Скопје вчера се регистрирани 150 сообраќајни прекршоци во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, 24 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 11 за непрописно престигнување и обиколување, 24 за возење без возачка дозвола, седум санкции за нерегистрирани возила. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет прекршоци што ги чинат пешаците, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 37 мерки за непрописно паркирање.

-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава