Во Скопје: Разбојник од банка украл 2,6 милиони денари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело разбојништво.

„На 4 јуни, осомничениот влегол во филијала на банка на улицата „Бојмија” во Скопје и со сериозна закана и употреба на огнено оружје – пиштол, загрозувајќи го животот и телото на двајца вработени во банката, одзел 2.628.901,55 денари со намера противправно да ги присвои. Веднаш побегнал од местото. По неговото пронаоѓање и лишување од слобода, пронајдени се и парите и тие се вратени на банката. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Грабеж на векот во Германија: Украдени 90 милиони евра од банкарски сефови

Голем грабеж во Германија: Според првичните проценки, украдени се над 30 милиони евра

Камерите го снимија напаѓачот од Нов Белград: Монструмот избоде жена (67) која беше со нејзиниот внук

Предраг Петровиќ

Голем грабеж во Нови Пазар: Вооружен маж од златарница украде три килограми злато

Две лица со закани одзеле пари од малолетничка во Скопје, физички нападнат нејзин другар

Разбојници запреа транспортно возило и украдоа два милиони евра