Во Скопје приведен дилер од Битола, пронајдена дрога

Од:

На улицата „Московска“ во Скопје синоќа во 21.00 часот, Оперативен тим Потраги во содејство со Единица за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот С.И. од Битола, кој бил баран по Централна потерница од Основното јавно обвинителство Битола за издржување мерка притвор.

При претрес во домот во Скопје во кој живее, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и поголем износ на пари во различни валути и апоени.

Тој бил предаден во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, наведуваат од МВР, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он