Во Скопје пристигна првата евакуирана група македонски државјани од Израел

Од:

Првата група македонски државјани кои побараа евакуација од територијата на Израел, синоќа пристигнаа на скопскиот аеродром, објави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.

-Со ова, станавме една од првите земји во Европа што успешно организираше и реализираше повраток на своите граѓани од зоната на конфликт, наведе Муцунски.

До понеделникот вкупно 28 македонски државјани побараа поддршка за евакуација по ескалацијата на безбедносната состојба на Блискиот Исток.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски тогаш на прес-конференција изјави дека вкупно 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел и оти евакуацијата ќе се врши со владиниот авион. Тогаш најави дека осум наши државјани, од кои четири деца, ќе заминат во Египет и со авион на Владата, придружени од безбедносен конвој ќе пристигнат во Скопје.

-Веднаш по добиените информации за ескалацијата на состојбата на Блискиот исток, Министерството, преку нашата амбасада во Израел отпочна активности за евакуација на наши граѓани. Формиран е и кризен штаб за безбедно извлекување на нашите државјани. Истовремено нашата Амбасада во Тел Авив од самиот почеток на кризата е во редовна и непосредна комуникација со сите наши граѓани, нагласи Муцунски.

Министерот во понеделникот најави дека втората група се очекува да го напушти Израел и да замине кон нашата држава веднаш по воспоставување редовен авионски сообраќај од Тел Авив.

-Со оглед на прекинот со воздушниот сообраќај со Израел, во оваа фаза евакуацијата ќе се реализира со авион во сопственост на Владата кој ќе обезбеди транспорт за првата група државјани кои изразија подготвеност веднаш да ја напуштат територијата на Израел, рече Муцунски на прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Иран ги предупреди САД: Не можете да прифатите примирје, а потоа вашиот сојузник да почне масакр

Зеленски: Виткоф и Кушнер „поминуваат премногу време“ со Путин и многу му веруваат

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Иран повторно го затвори Ормутскиот тесенц по нападите на Израел на Либан

Зголемените цени на горивото и ѓубривата поради војната ја прават храната поскапа низ целиот свет

Катерина Ѓуровски

Иранците дадоа упатства како да се избегнат мините во Ормутскиот теснец

ВИДЕО: Израел погоди 100 цели за 10 минути во Либан, над 250 мртви

Катерина Ѓуровски