А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Скопје „пајакот“ вчера кренал 70 автомобили, казнети 23 пешаци

by А1он16/03/2018 - 09:10161
Share0

Три лица се здобиле со полесни повреди во три од вкупно седум сообраќајки случени во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а во четири била причинета материјална штета.

Добивај вести на вибер

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и осум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената и еден возач кој не дал првенство на минување на пешаци. Санкционирани биле и 23 пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени двајца возачи кои возеле под дејство на алкохол, 14 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 11 нерегистрирани возила и едно возило за претовар. Затекнати биле 112 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.

Одделението за превенција при СВР Скопје денеска во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ ќе реализира едукативна работилница со децата од второ одделение во ООУ „Тихомир Милошевски“ во општина Ѓорче Петров.

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен