Во Скопје осум сообраќајки со еден загинат и шест повредени

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје се случиле осум сообраќајни незгоди, од кои во една загинало едно лице, во друга се повредени двајца сопатници од кои едниот потешко, во две незгоди три лица се здобиле со полесни повреди, а четири незгоди поминале само со материјална штета.

Сообраќајката во која има загинато лице, а друго се здобило со полесни повреди се случила во 11:30 часот на локалниот пат за село Долно Блаце.

Вчера од страна на сообраќајната полиција, санкционирани се 16 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, двајца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, шест возачи не отстапиле првенство на минување на возилата во зона на крстосница, 18 возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, како и седум возачи кои за време на управување на возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 53 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ