Во Скопје од 164 казнети возачи, 29 се за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за непочитување на брзина на движење санкционирани се 29 возачи, 14 санкции се за возење без возачка дозвола, а шест за возач почетник.

Како што соопштија денеска од МВР, изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за управување под дејство на алкохол, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест за недавање првенство на минување на пешаци и 53 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ