Во Скопје минатата недела санкционирани 991 лице за сообраќајни прекршоци

Од:

Минатата недела на ниво на Град Скопје за сторени прекршоци во сообраќајот се санкционирани 991 лице од кои, 39 поради управување возила под дејство на алкохол, 91 за сообраќајна дозвола со измината важност, 56 за возење без возачка дозвола, a 17 за минување на црвено светло.

Како што соопшти СВР Скопје, 62-ца возеле со брзина над дозволената, 34 управувале возило со над 90 километри на час во населено место, а изречени се и 39 прекршоци за некористење сигурносен појас, 35 за зборување на мобилен телефон, 29 за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 363 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање, пет за недавање првенство на пешаци, какои осум за непрописно престројување.

За непрописно престигнување се изречени 18 прекршоци, за недавање првенство на минување два, а со „пајак“ се подигнати 334 возила.

Прекршоци, вкупно 89, им се изречени и на пешаци.

Минатата недела во Полициската станица „Гази Баба“ е спроведена сообраќајна поука за учесниците во сообраќајот што направиле прекршоци по разни основи – управување возила со над дозволената брзина, некористење сигурносен појас, користење мобилен телефон при управување возило,… Од поканетите 47 прекршители, присуствувале 36.

СВР Скопје продолжува со зајакнати контроли и апелира, граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел да се намалат сообраќајните незгоди.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево