Во Скопје локално се пренесува коронавирусот, се подготвуваат пунктови за тестирање

Од:

Епидемиолозите сметаат дека коронавирусот веќе се пренесува преку локална трансмисија во Скопје, односно од заболени на други граѓани. Министерот Венко Филипче ова го кажа на последната прес-коференција, а воедно соопшти и дека се работат посебни планови за тестирање, со цел овој тренд да се спречи.

„Веќе се работи планот за посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом во Скопје, дозволете детали да известам кога ќе биде готов. Ова е според индикацијата на епидемиолозите, односно, тоа што го зборувавме за да правиме малку поширока индикација, во смисла да се опфатат поголем број на граѓани, население, со оглед дека има и локална трансмисија во градот Скопје“, рече Филипче.

Минситерството за здравство веќе соопшти дека масовни тестирања за коронавирус од понеделник ќе се прават во Скопје, а викендов во Струга и околината. Целта е преку масовни скрининзи да се уловат групите луѓе кои можеби и не се свесни дека го имаат вирусот.
На располагање во моментов министерот вели дека имаат околу 1500 тестови, за 1000 тестови во тек е набавка, а очекуваат и донација од 1000 тестови.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска