Во Скопје изречени вкупно 198 мерки, 52 за брзо возење, 12 санкции за користење мобилен телефон

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје биле изречени вкупно 198 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 52 санкции, осум за возење без возачка дозвола, три за нерегистрирани возила.

-Изречени се 12 санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, три за некористење сигурносен појас, три за минување на затворен сигнал (црвено светло), 63 санкции за непрописно паркирање, соопштуваат од МВР.

Од министерството ивестуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ