Во Скопје изречени 131 казна за сообраќајни прекршоци, 19 за брзо возење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени биле вкупно 131 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 19 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Од МВР воедно соопштуваат дека биле изречени шест санкции за користење мобилен телефон, осум прекршоци за возачи на мотоцикли, 12 за непочитување на првенство на минување, 53 санкции за непрописно паркирање.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ