Во Скопје форум на шефови на воените разузнавања во регионот

Од:

Мирот и безбедноста се предуслов за просперитет. Земјите од регионот чии претставници се присутни на овој состанок, заедно со САД, ЕУ и НАТО алијансата, заедно, почитувајќи ги основните вредности како слободата и демократијата, работат кон достигнување на заедничките цели – просперитетна иднина за следните генерации. Современите закани не се насочени кон само една земја и затоа е потребно партнерството и блиската соработка, во справувањето со нив. Размената на информации и соработката на воените разузнавачки служби е битен елемент.

Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на отворањето на форумот на шефовите на воените разузнавања на земјите од Југоисточна Европа, кој се одржува денеска во Скопје, а е посветен на „Сајбер-заканите како растечко безбедносно прашање во Југоисточна Европа“.

Во контекст на темата на денешниот форум, соопшти денеска МО, министерот Јолевски истакнал дека сајбер-безбедноста е одличен пример за непостоењето на граници кога зборуваме за современите закани.

– Сајбер просторот е злоупотребуван од терористички организации, организираниот криминал и од индивидуалци. Република Македонија преку Воената академија презема решителни чекори во подготвување на безбедносните агенции да се справат со сајбер-заканите и да ја одбранат земјата од тие напади, рече министерот за одбрана.

Како пример за развој во оваа област споменат беше Меморандумот за соработка на Академијата со иницијативата за сајбер-безбедност на Институтот за меѓународни студии во Монтереј, САД, како и регионалната тркалезна маса за сајбер-безбедност која се одржа минатата година во Охрид во соработка со НАТО и Универзитетот Норвич од САД.

На отворањето на шестиот форум на СЕЕМИЦ, високите претставници на веоните разузнавања на Република Македонија, Регионалниот совет за соработка, НАТО-алијансата, Европската Унија и на Соединетите Американски Држави се согласија дека соработката е катализатор за одржување и унапредување на нивото на безбедност во овој дел на Европа. Тие, стои во соопштението, укажаа на фактот дека минатата поделеност, имајќи предвид дека дел од форумот се и поранешни земји на Варшавскиот пакт, земјите од поранешна Југославија, како и земји-членки на Алијансата, се трансформираше во соработка и заеднички пристап кон современите безбедносни предизвици.

СЕЕМИЦ форумот претставува механизам за регионална соработка на воено-разузнавачките служби на земјите од Југоисточна Европа. Иницијативата првпат е реализирана во 2009 година, а поддржана од Регионалниот совет за соработка, Директоратот за разузнавање на НАТО и Военото разузнавање на Европската Унија. Земји-членки на СЕЕМИЦ се сите земји од ЈИЕ, со исклучок на Косово. Освен претставниците на овие земји, на годинешниот форум учествуваат и претставници од Агенцијата за одбранбено разузнавање, Националниот универзитет за разузнавање, главниот штаб на Европската команда на САД и процесот СЕДМ.

Би можело да ве интересира

Петровска: Пристигнато е ново барање од украинска страна за воена помош во моментов се разгледува

Горан Наумовски

Петровска со иницијатива за подигање спомен обележје во Тетово за загинатите во масакрот кај Вејце

Ана Ололовска

Петровска: Речиси 90 милиони евра за воена опрема, учеството во странски мисии ќе чини над 10 милиони евра

A1on

Шекеринска – Брнз: С. Македонија и САД споделуваат исти вредности, двете држави испишаа историја

Ана Ололовска

Министерството за одбрана годинава ќе биде домаќин на најголемата конференција за стратегиски комуникации на НАТО

Ана Ололовска

МО: АП „Криволак“ прерасна во современ домашен и НАТО капацитет, во 2022 тука ќе се одржат седум меѓународни вежби со над 5.000 учесници

Ана Ололовска