Во Скопје девет сообраќајки, пајакот отстранил 64 возила

Од:

Вкупно девет сообраќајни незгоди се случиле во изминатото деноноќие во Скопје, од нив во една полесно е повредено едно лице, а осум се со материјална штета.

Во текот на изминатот ден сообраќајната полиција открила и санкциониракла поголем број прекршоци. Седум возачи поминале на црвено светло на семафорот, двајца се исклучени од сообраќај поради управување возило под дејство на алкохол, шест возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола односно нерегистрирани, а седум возачи не се придржувале кон ограничувањата, забраните и обврските изразени со поставените сообраќајни знаци. Вкупно 41 непрописно биле паркирани возила.

Со помош на специјалното возило, во текот на изминатиот ден отстранети се 64 возила кои биле непрописно паркирани и во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и на моторниот сообраќај.

Во спортскиот центар „Јане Сандански“ вечарва во 20:00 часот во рамките на АББА Лигатата ќе се одигра маѓународен кошаркарски натпревар помеѓу МЗТ Аеродром и Задар од Хрватска. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ