А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Скопје 8 сообраќајки за 24 часа, пајакот отстранил 39 возила

by А1он29/10/2014 - 09:1906/01/2017 - 14:44120
Share0

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Од нив, пет се со последица материјална штета и три со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко  моторно возило и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште три незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 13 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците, 29 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото, како и 54 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафорот на пешаци, а од нив на 46 пешаци покрај поканата за наплата на глобата издадена им е и покана за сообраќајна поука.

Со помош на специјалното возило „пајак“ од страна на сообраќајната полиција отстранети се 39 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни предавања во подрчните основни  училишта „Драга Стојановска“ во населеното место Сопиште и во населеното место Долно Соње, кои се наоѓаат на територијата на општина Сопиште, со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска  има најава за вонреден настан. Со почеток во 17 часот и 45 минути во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во рамки на квалификациите за Европското првенство во Полска ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Швајцарија. Со цел непречено и безбедно одвивање на оваа спортска манифестација, од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ06/01/2025 - 10:03

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Предраг Петровиќ11/09/2024 - 15:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен