Во Скопје 70. „Критична маса“, посветена на кражбите на велосипеди

Од:

Под мотото „Имаш сериозна врска?“ денеска ќе се одржи 70. „Критична маса“, посветена на проблемот со кражбите на велосипеди во Скопје.

На настанот кој се случува секоја последна среда од секој месец со цел да се покрене свеста за урбаниот велосипедизам, но и како борба за подобри услови на велосипедистите, учесниците овој пат ќе возат по однапред објавена рута по скопските улици со почеток од 17:30 часот на Плоштад Македонија, а ќе завршат пред депото на МВР каде се чуваат запленетите украдени велосипеди.

Целта на оваа „Критична маса“ е да го сврти вниманието кон проблемот со кражбите на велосипеди, да повика најпрво на личната одговорност на сопственикот за безбедноста на неговиот велосипед, но и да побара поодговорен и посистематски пристап на институциите во третирање на пријавите за кражби во МВР, со цел да се зголеми процентот на пронајдени велосипеди, кој во моментот е многу низок.

Зружението „На Точак“ во пресрет на настанот спроведе онлајн анкета, според која 47 од испитаниците одговориле потврдно на прашањето дали некогаш им бил украден велосипед, а дури на 39 отсто им бил украден повеќе од еден.

Иако 71 отсто ја пријавиле кражбата во МВР, само на два отсто им бил пронајден велосипедот од страна на МВР.

Седумдесет отсто од тие кои пријавиле во полиција, немале доверба во таа ќе има сериозен пристап во пронаоѓањето на велосипедот.

Деведесет и седум он оние кои ја одговориле анкетата би сакале Македонија да има национален регистар за велосипеди, каде дури 86 отсто би направиле проверка во истиот пред да купат половен велосипед.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен