Во Скопје 21 казна за возење без дозвола, вкупно 243 санкционирани возачи

Од:

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкциja, соопштија денеска од МВР.

Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, во Скопје вчера се изречени 16 мерки за нерегистрирани возила, девет санкции за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и 27 санкции за неносење заштитна маска.

Во соопштението од МВР се наведува дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози