Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изрече се вкупно 197 мерки.
За возење повеќе од дозволената брзина, соопштија денеска од МВР, изречени се 42 санкции, додека 12 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 24 санкции за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 14 за управување без возачка дозвола.
– Изречени се седум санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, пет за користење мобилен телефон при управување возило, една за вградени неатестирани фолии, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 58 санкции за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.