Во Скопје 197 санкционирани возачи, 30 без возачка

Од:

Во текот на вчерашниот ден во рамки на со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 197 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30.

Од МВР денеска соопштија дека се санкционирани 13 возачи за непочитување на брзина на движење, пет за технички неисправни и за нерегистрирани возила.

– Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, седум санкции за управување под дејство на алкохол, девет за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет за недавање првенство на минување на пешаци и 38 за непрописно паркирани возила, стои во соопштението од МВР.

Најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ