Во Скопје 196 казнети возачи, 40 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 196 мерки, во рамки на вчерашните засилени акциски контроли во областа на сообраќајот, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40.

Од МВР денеска информираа дека 14 казни за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила.

– Изречени се 13 мерки за користење мобилен телефон, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 72 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуаат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава