А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Скопје 19 сообраќајки вчера, пајакот отстранил 53 возила

by А1он01/04/2015 - 08:42109
Share0

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 19 сообраќајни незгоди.

Добивај вести на вибер

Од нив, пет се со последица материјална штета и 13 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле пет возачи на патничко моторно возило, шест сопатници, четири пешаци и еден велосипедист.

Се случила и една незгода со последица смрт. Истата се случила во 20 часот и 5 минути на бул. „Кочо Рацин“, во близина на Олимпискиот базен, во која учествувал мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски таблички и пешак, роден 1939 година, граѓанин на Скопје. Како последица на незгодата на повредите на лице место им подлегнал пешакот, а возачот на мотоцикл и сопатникот се здобиле со телесни повреди. Од страна на увидна екипа од СВР Скопје предводена од јавен обвинител извршен е увид на лице место и по наредба на обвинителот преземени се понатамошни мерки со цел утврдување на околностите кои довеле до незгодата.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 23 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, осум возачи кои поминале на црвено светло на семафорите, девет возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и 15 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важноста на сообраќајната дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 53 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

По повод 1. Април – Денот на шегата, со почеток во 12 часот пред порта „Македонија“ ќе се одржи традиционалната манифестацијаза најмладите – децата од градинките и од училиштата „Скопје се смее“, а во 21 часот, на истото место, манифестацијата ќе продолжи за повозрасните граѓани. Исто така, пред Собранието на Република Македонија во 12 часот ќе се одржи протестен марш во организација на учениците од средните училишта. Маршот ќе продолжи пред Владата, а ќе заврши пред зградата на Министерството за образование и наука. За време на одржување на овие настани од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за соодветно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

soobrakaj

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Горан Наумовски12/08/2025 - 08:10

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Горан Наумовски21/07/2025 - 13:17

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Горан Наумовски19/06/2025 - 14:43

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Предраг Петровиќ16/05/2025 - 18:59

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

Горан Наумовски06/04/2025 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен