Во Скопје 164 сообраќајни прекршоци, 30 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30 санкции, во рамки на засилените сообраќајни контроли. Од нив, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи, 17 се за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

– Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, четири за минување на затворен сигнал(црвено светло), девет за непочитување на првенство на минување, 44 санкции за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози