Во Скопје 16 сообраќајки со 10 повредени од кои тројца потешко

Од:

Пешак и двајца сопатници се потешко повредени во две од вкупно 16 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во седум се полесно повредени седум лица, а во исто толку е причинета само материјална штета.

Вчера полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај четворица возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, седум возачи за време на управување на моторното возило го користеле мобилниот телефон, како и кај 11 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Затекнати се и 22 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 68 возила.

Во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи“, Одделението за превенција ќе реализира едукативни работилници со дечињата од средна и голема група во детската градинка „25 Мај“ во објектите „Искра“ и Детелинка“ кои се наоѓаат на подрачјето на општина Гази Баба.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ