Во Скопје 153 сообраќајни прекршоци, 57 за брзо возење

Од:

На територијата на град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции.

Од МВР денеска информираа дека 23 се за возење под дејство на алкохол, 18 за возење без возачка дозвола, а девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

– Изречени се шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири за непрописно престројување, 17 санкции за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози