Во Скопје 15 сообраќајки, полесно повредени 12 лица

Од:

Дванаесет лица бииле полесно повредени во осум од вкупно 15 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје, а седум поминале со материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Тројца возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, седум возачи за време на управување на возилото го користеле мобилниот телефон, како и 17 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани биле и двајца пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно на црвено светло на семафор. Затекнати биле 57 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 42 возила.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ