Во Скопје 15 сообраќајки, 4 повредени, пајакот отстранил 93 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 15 сообраќајни незгоди.

Од нив, 12 се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле двајца сопатници, еден велосипедист и еден возач на мопед.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Владо Ангеловски“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Аеродром.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 93 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози