На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции.
Како што информираа денеска од МВР, 10 мерки се изречени за технички неисправни и нерегистрирани возила, 12 санкции за возење повеќе од дозволената брзина.
– Изречени се 17 мерки за користење мобилен телефон, шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање, се наведува во соопштението од МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.