Во Скопје 14 сообраќајки вчера, пајакот дигнал 71 возило

Од:

Во текот на изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди.

Од нив, две се со последица материјална штета и 10 се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле шест возачи на патничко моторно возило, пет пешаци и тројца сопатници.

Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда. Едната се случила во 10 часот и 20 минути на ул. „Бутелска“ во која со тешки повреди се здобил еден пешак, а втората во 20 часот и 45 минути на ул. „Радован Ковачевиќ“ во која учествувале три патнички моторни возила при што двајца возачи се здобиле со тешки телесни повреди, а еден возач со телесни повреди.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 30 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 20 се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Единаесет возачи кои го користеле мобилниот телефон или не го користеле сигурносниот појас за време на управување со возилото, како и пет лица кои го управувале возилото без важечка возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 71 возило кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска во 20 часот и 45 минути на националната арена „Филип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Република Македонија и Белорусија, на што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

За време на претстојниот викенд има најави за неколку настани, пред се спортски натпревари и музички концерт, меѓутоа не се очекува истите да битно да влијаат на безбедноста и проточноста на сообраќајот. Настаните ќе бидат под опсервација на сообраќајната полиција и ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот. 

Би можело да ве интересира

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он